1 Коринќаните 15:38-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. А Бог му дава тело, какво што сака; и на секое семе негово тело.

39. Не е секое тело исто тело: туку друго е човечкото, и друго е животинското тело, и друго е телото на птиците, и друго на рибите.

40. Има и небесни тела и земни тела, но друг е сјајот на небесните тела, друг на земните.

41. Друг е сјајот на сонцето, а друг е сјајот на месечината; а друг е сјајот на ѕвездите, зашто ѕвезда од ѕвезда се разликува по сјајот.

42. Така е и со воскресението на мртвите; се сее во распадливост, воскреснува во нераспадливост;

1 Коринќаните 15