1 Коринќаните 14:28-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Ако нема толкувач, нека молчи во црквата; и нека си зборува сам на себе и на Бога!

29. Пророците пак нека зборуваат двајца или тројца, а другите да расудуваат.

30. Ако некому, од седнатите, му дојде откровение, првиот нека замолчи!

31. Зашто сите можете да пророкувате, еден по еден, за да се поучуваат сите и за да се охрабруваат сите.

32. И пророчките духови им се покоруваат на пророците,

33. зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот, како што е во сите цркви на светите.

1 Коринќаните 14