1 Коринќаните 14:16-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Зашто ако ти благословуваш со духот, како неупатениот ќе рече: „Амин”, на твоето благодарење, кога не знае што зборуваш?

17. Зашто, ти навистина благодариш, но другиот не се надградува.

18. Му благодарам на Бога дека зборувам повеќе јазици од сите вас;

19. но во заедницата повеќе сакам да речам пет збора со мојот ум, за да ги поучувам и другите, отколку десет илјади зборови на непознат јазик.

20. Браќа, не бидете деца во умот, туку бидете младенци во злобата, а во умот бидете зрели луѓе!

21. Во Законот е напишано: „Преку луѓе, кои говорат на друг јазик и преку усните на туѓинци, ќе му зборувам на овој народ, но и тогаш нема да Ме послушаат - говори Господ.”

22. Затоа јазиците се знак не за оние кои веруваат, туку за неверниците; пророштвото пак не е за неверниците, туку за оние, кои веруваат.

23. Ако пак целата црква се собере на едно место, и ако сите зборуваат на непознати јазици, и ако влезат неупатени или неверници, нема ли да речат дека сте полуделе?

1 Коринќаните 14