1 Коринќаните 14:14-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Зашто, ако се молам на непознат јазик, мојот дух се моли, но мојот ум останува без плод.

15. Што значи тоа? Ќе се молам со духот, но ќе се молам и со умот; ќе пеам со духот, но ќе пеам и со умот.

16. Зашто ако ти благословуваш со духот, како неупатениот ќе рече: „Амин”, на твоето благодарење, кога не знае што зборуваш?

17. Зашто, ти навистина благодариш, но другиот не се надградува.

18. Му благодарам на Бога дека зборувам повеќе јазици од сите вас;

19. но во заедницата повеќе сакам да речам пет збора со мојот ум, за да ги поучувам и другите, отколку десет илјади зборови на непознат јазик.

20. Браќа, не бидете деца во умот, туку бидете младенци во злобата, а во умот бидете зрели луѓе!

21. Во Законот е напишано: „Преку луѓе, кои говорат на друг јазик и преку усните на туѓинци, ќе му зборувам на овој народ, но и тогаш нема да Ме послушаат - говори Господ.”

1 Коринќаните 14