17. Ако целото тело би било око, каде би бил слухот? Ако сè би било слух, каде би било мирисањето?
18. Но Бог ги поставил членовите во телото; секој еден од нив, како што Му било угодно.
19. Ако пак сите би биле еден член, каде би било телото?
20. А сега се многу членови, а телото е едно.
21. Не може окото да и рече на раката: „Не си ми потребна,” или пак главата на нозете: „Не сте ми потребни!”
22. Туку попотребни се оние членови на телото, што изгледаат послаби.
23. И поголемо почитување им даваме на оние членови на телото, за кои сметаме дека не заслужуваат почитување. Нашите неугледни членови имаат поголема пристојност;
24. а на пристојните тоа не им треба. Но Бог го сложил телото, давајќи му поголема чест на оној член, кој ја нема,