1 Коринќаните 12:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Ако ногата рече: „Бидејќи не сум рака, не му припаѓам на телото,” тоа не ја прави да не е од телото.

16. И ако увото рече: „Бидејќи не сум око, не му припаѓам на телото,” тоа не го прави да не е од телото.

17. Ако целото тело би било око, каде би бил слухот? Ако сè би било слух, каде би било мирисањето?

18. Но Бог ги поставил членовите во телото; секој еден од нив, како што Му било угодно.

19. Ако пак сите би биле еден член, каде би било телото?

20. А сега се многу членови, а телото е едно.

21. Не може окото да и рече на раката: „Не си ми потребна,” или пак главата на нозете: „Не сте ми потребни!”

1 Коринќаните 12