1 Јован 4:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Тие се од светот, затоа зборуваат светски и светот ги слуша.

6. Ние сме од Бога, кој Го познава Бога нè слуша нас; кој не е од Бога не нè слуша нас. По тоа го познаваме духот на вистината и духот на заблудата.

7. Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога и секој кој љуби од Бога е роден и Го познава Бога.

8. А кој не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог е љубов.

1 Јован 4