1 Јован 2:8-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Но сепак ви пишувам нова заповед; - и тоа е вистинско и во Него и во вас - зашто темнината поминува, а вистинската светлина веќе свети.

9. Кој вели дека е во светлината, а го мрази својот брат, тој е досега во темнината.

10. Кој го љуби својот брат останува во светлината и во него нема соблазан.

11. А кој го мрази својот брат во темнината е и во темнината оди, и не знае каде оди, зашто темнината му ги заслепила очите.

12. Ви пишувам, дечиња, зашто ви се простени гревовите, заради Неговото име.

13. Ви пишувам, татковци, зашто Го познавте Оној, Кој е од почетокот; ви пишувам вам, млади, зашто го победивте лукавиот. Ви напишав, дечиња, зашто Го познавте Таткото.

14. Ви напишав, татковци, зашто Го познавте Оној, Кој е од почеток. Ви напишав, млади, зашто сте силни и зашто Божјото слово пребива во вас и зашто го победивте лукавиот.

15. Не сакајте го светот, ниту она што е во светот. Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Таткото не е во него,

16. зашто сè што е во светот: - похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот.

1 Јован 2